ноември 30, 2021

“Зависности и нивно лекување”

По повод одбележување на месецот на борба против зависности, Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Кисела Вода во соработка со Здружение на клубови на лекувани алкохоличари и Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар во текот на месец ноември се реализираа две едукации на тема: “Зависности и нивно лекување”.
Младите волонтери преку овие едукации има можност повеќе да се запознаат со тоа како алкохолот, дрогата и цигарите влијаат врз организмот на човекот и како истите можат да станат надминат проблем.
На оваа тема со нив работеше Славица Шекуткоска, специјалист по социјална работа во здравство која преку примери подетално им објасни како всушност овие лоши навики влијаат на здравјето кај луѓето.
Благодарност за соработката и одвоено време упатуваме до неа и секако за секој добронамерен совет споделен од нејзина страна!

< врати се назад