мај 22, 2020

Успешно спроведена крводарителска акција во зградата на општината Кисела Вода

Во текот на денешниот ден 22.05.2020 година се одржа крводарителска акција во просториите на општината Кисела Вода со времетраење од 11:00-15:00 часот. Традиционално како и на претходните организирани акции во општината така и овојпат 28 крводарители ја покажаа својата хуманост дарувајќи крв. Доброволното дарување крв претставува исклучително благородно и хумано дело.
Покрај граѓаните и вработените во општината, својата хуманост ја покажа и градоначалникот г-дин Филип Темелковски кој даде дополнителен мотив на останатите крводарители.
Им благодариме на сите за искажаната солидарност и хуманост!
 

https://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/naslovna/novosti/2711-krvodariteli

< врати се назад