декември 1, 2021

ШТО СЕ ХИВ И СИДА?

ШТО Е ХИВ?
ХИВ е вирус кој предизвикува хумана имунодефициенција. Присуството на ХИВ вирусот во човечкиот организам доведува до уништување на одбрамбената способност (имунитетот), поради што организмот станува неспособен да се брани од различни болести и инфекции.
 
ШТО Е СИДА?
Синдромот на стекнат имунолошки дефицит или познат по француската кратенка СИДА е болест која претставува последен стадиум на ХИВ вирусот кој се карактеризира со прогресивно слабеење на имунолошкиот систем со што пациентите се подложени на голем број инфекции и тумори.
 
КОИ СЕ СИМПТОМИТЕ?
Најчести симптоми се губење на телесна тежина, потење, малаксалост, габични инфекции, модринки по тело, исип, пролив, отечени лимфни жлезди, грозница. Често се манифестира и со појава на инфекции на белите дробови, појава на туберкулоза или малигни заболувања и завршува со смртен исход.
 
КАКО СЕ ПРЕНЕСУВА?
1. КРВ-крвни продукти и секрети заразени со вирусот.
2. СЕКС-Сексуален контакт без заштита (кондом).
3. МАЈКА-Пренесување на болеста од ХИВ позитивна мајка на дете.
А КАКО НЕ СЕ ПРЕНЕСУВА?
Со гушкање, ракување, бакнување (ако заразениот нема ранички во устата), кашлање и кивање; со користење на јавни говорници, јавни тоалети, базени; со дружење, спортување и работење со ХИВ инфицирано лице; преку облека, храна подготвена од ХИВ инфицирано лице; преку комарци и други инсекти.
 
КАКО ДА ПРЕПОЗНААМ ДАЛИ СУМ ХИВ ПОЗИТИВЕН/НА?
Најголем дел од луѓето, кои се ХИВ позитивни, живеат без да се свесни за инфекцијата подолг временски период, којшто може да трае и неколку години, односно инфекцијата во тој период не пројавува никакви препознатливи симптоми. 30-50% од 2,3 милиони лица што живеат со ХИВ во Европа не се свесни дека се ХИВ позитивни, а 50% од оние што се позитивни доцна се дијагностицираат, со што се доцни со пристапот кон третман.
Затоа е потребно да се тестираш за ХИВ за да го дознаеш својот статус и навремено да се отпочне со терапија, доколку си ХИВ позитивен.
Можно е да е слика од текст кој вели „upBeH KpcT Ha peny6лиKa ceBepHa maKeAoHиja Kryqii Kuqi Republikes sẽ Maqedonisë sẽ Veriut 01-07 AeKemBpи Dhjetor HeAeлa Ha 6op6a npoTиB xиB cиAa Java e luftës kundër HIV AIDS â ☬“
< врати се назад