јануари 28, 2021
Позитивен пример во семејството и во заедницата
Во просториите на Дневниот центар за дарување крв на Црвен крст на град Скопје, крв даруваа претседателот на РСМ г. Стево Пендаровски и неговиот син. Претседателот на државата е редовен крводарител, кој преку својот личен пример е промотор на доброволното кродарителство. Неговиот син денес за прв пат даруваше крв, инспириран од позитивниот пример на неговиот родител, но и поттикнат од лична иницијатива и желба да стане дел од семејството дарители.
Претседателот на државата, по дарувањето крв оствари средба со генералниот сектретар на Црвен крст на РСМ д-р Саит Саити, г. Звонко Васев, наш колега и воедно крводарител со остварени најдобри резултати во крводарување за минатата година и директорот на ИТМ Др. Садула Усеини. На средбата претседателот доби информации за резултатите на полето крводарителство, предизвиците со кои се соочивме за време на пандемија со Ковид-19, одговорот на Националното друштво на пандемијата, со тековните активности на Црвен крст како и плановите за иднина.
Благодарност до претседателот г. Пендаровски и неговиот син Огнен кои направија хуман гест преку чинот на дарување крв кој значи спасени животи.