ноември 30, 2021

Обука за врснички едукатори за превенција од болести на зависности

Црвениот крст на Република Северна Македонија организираше обука за врснички едукатори за превенција од болести на зависности. Обуката ја следеа 72 волонтери од Клубовите на млади од цела држава. Тренери на истата беа д-р Соња Стурлакова специјалист по интерна медицина и Весна Самојловкса психолог од Заводот за социјални дејности – Скопје.
Обуката се организираше во месец ноември кој според традиционалниот календар на активности претставува месец за борба против зависностите.
Во идниот период овие млади волонтери ќе бидат афирматори на здрави навики меѓу своите врсници истакнувајќи ги штетните последи од употребата на дрогата, алкохолот и цигарите.
Можно е да е слика од 7 луѓе и екран
< врати се назад