Гроздоберче 2020
октомври 3, 2020

Меѓународниот фестивал на детски песни “ГРОЗДОБЕРЧЕ”

Црвен Крст на Р. Северна Македонија- Општинска Организација Кисела Вода со ЦКА-ПХВ композицијата и видео записот настапи на Меѓународниот фестивал на детски песни “ГРОЗДОБЕРЧЕ” кој се одржа во Кавадарци, а оваа година јубилејно одбележа 24 години постоење.
 
 На сосема неочекувана покана од организаторот на фестивалот, Општинската Организација Кисела Вода на 02.10.2020 година настапи на сцената пред општината Кавадарци. Настанот беше организиран на отворено во согласност со препораките, каде присуствуваа голем број на преставници од музичката сфера, родители, гости-претставници од Црна Гора и многу други случајни посетители. Едночасовниот концерт испрати порака за мир, љубов и толеранција, а се пееше и на повеќе јазици.
 
“ПОДАВАЈ РАКА” беше презентирана на публиката со посебна кореографија, видео-презентација во позадина и посебни подготовки за надворешниот изглед на вокалите (посебно изработени марами, беџови, котизации и сл).
Упатуваме искрени честитки кон организаторите на фестивалот кои беа добри домаќини пред сѐ! Голема чест и задоволство ни претставуваше што бевме токму ние одбрани да настапиме на овој меѓународен настан!
 
 Искрени честитки и за нашите волонтери кои јасно и едноставно ја пренесоа пораката до публиката!
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад