Меѓународен ден на стари лица
октомври 1, 2020

Меѓународен ден на стари лица

 Црвениот крст на Република Северна Македонија и оваа година се вклучува во одбележување на 1ви октомври – Меѓународен ден на старите лица.
 
 По повод одбележувањето на 1ви октомври Црвениот крст на Република Северна Македонија упатува пораки, споделени од страна на Меѓународната Федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, со кои сакаме да го зголемиме вниманието дека:
„Пандемијата не е пречка за волонтирање во трето доба“ – Сакаме да истакнеме дека за време на пандемија постарите луѓе можат активно да бидат вклучени во активностите и дека пандемијата не е, и не треба да биде препрека за волонтирање, без разлика на возраста.
„Старееме здраво – старееме подобро“ – е поврзана со Декадата за здраво стареење, и промовирање на здраво стареење и здрав начин на живот, и го истакнуваме значењето на лицата во трето доба кои можат да дадат придонес во општеството.
Image may contain: 5 people
< врати се назад