ноември 30, 2021

26 години Црвен крст на РСМ рамноправен член на Меѓународната Федерација на националните друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина

26 години Црвен крст на РСМ рамноправен член на Меѓународната Федерација на националните друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина
Да се потсетиме на овој ден кога во 1995 година Црвениот крст на Република Северна Македонија стана рамноправен член на Меѓународната Федерација на националните друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина.
Црвениот крст на Република Северна Македонија 26 години бележи значајни достигнувања во својот развој, надградба на капацитети, реформи во правна рамка, програмска и проектна соработка со домашни и меѓународни организации, за што е добитник на многу признанија и награди како и со сертификат за силно национално друштво. Соочен со многу предизвици во изминатиот период кои ги надмина со преземање на итни и конкретни мерки, успеа да одговори на истите за што говори домашната и меѓународната јавност.Нема опис за фотографијата.

< врати се назад