Зелен Волонтеризам
Едукативно предавање за пилот програмата „Зелен волонтеризам во ООУ “Љубен Лапе” Аеродром
На ден 28.05.2024 година во просториите на ООУ “Љубен Лапе”, реализиравме едукативно предавање за пилот програмата „Зелен волонтеризам“. Во оваа програма беа опфатени учениците од Прво до Трето одделение, каде што ги научивме како сите заедно да ја зачуваме чистотата во нашата околина, кој се ризик фактори од загадување и кој се причинители за загадување на околината. Учениците исто така имаа можност заедно со нас да организираат Еколошка акција во дворот на самото училиште. Ви благодариме на соработката!
Програмата „Зелен Волонтеризам“ е младинска програма во рамки на Црвен крст на Република Северна Македонија чија главна цел е подигање на свеста кај младата популација за последиците по здравјето предизвикани од зголемената акумулација на отпад, загадувањето на водата, почвата, воздухот и глобалното затоплување.


