јуни 24, 2021

Волонтерите на Општинска организација Кисела Вода се приклучија на иницијативата на Среќа bar&food и Црвен крст на град Скопје/City Red Cross of Skopje.

За време на викендот, дел од нашите волонтери го посетија кафе барот Среќа, кој е лоциран во населбата Аеродром и од неодамна оствари иницијатива во соработка со Црвен крст на град Скопје и продавницата за половна облека Копче. Идејата на иницијативата е да се зголеми јавната свест за потребата од похуман и поопштествено одговорен свет, за сите нас!
Целта на нашите волонтери беше да ја промовираат оваа позитивна практика помеѓу своите врсници и да ги поттикнат и нив да го сторат истото. Волонтерите донираа 25 килограми облека и обувки во кутиите за донација поставени во рамки на објектот. Додека пак, во знак на благодарност за придонесот од донаторите, кафе барот Среќа чести кафе по избор на донаторот.
Соработката со Среќа bar&food продолжува и во текот на месец јуни. Ве поттикнуваме да биде дел од оваа хумана иницијатива и ДА! Среќа е… да донираме и да создаваме заедно похумано и поеколошко свесно општество.
< врати се назад