март 28, 2021
Успешно реализирана крводарителската акција под мотото: “Биди херој, дарувај крв спаси живот”
Успешно реализирана крводарителската акција под мотото: “Биди херој, дарувај крв спаси живот”, која се одржа на 10.02.2021 година при дневниот центар за крводарување во ДХО Даре Џамбаз. На акцијата беа реализирани 33 единици крв, а на листата на крводарители се запишаа дури десетина првократни дарители.

Огромна благодарност до Вам драги наши крводарители, волонтери и поддржувачи на оваа акција, верувајте дека Вашиот придонес и поддршка ни се навистина значајни!
Со љубов.

