мај 30, 2020

Успешно реализирана крводалителска акиција

Почитувани крводарители, благодарение на Вашата хуманост на календарот денешниот ден 29ти Мај го бележиме како еден успешен петок од годината. Во време на пандемија со COVID-19, Црвениот Крст на Република Северна Македонија Општинска Организација Кисела Вода во соработка со институтот за трансфузиона медицина и дневниот центар за крводарување во ДХО Даре Џамбаз организираа крводарителска акција за студенти и средношколци.
 
👥 реализирани 32 единици крв, при ДХО Даре Џамбаз од 09:00-15:00часот.
 
👥 реализирани 31 единица крв, при месна заедница Усје од 15:00-20:00часот.
 
⭐Вкупно реализирани: 63 единици крв.⭐
На одбиените крводарители им дадовме препораки како да го подобрат своето здравје и секако ни дојдат повторно, наскоро.
Со оваа прекрасна информација го завршуваме денешниот работен ден, со голема благодарност до нашите волонтери и крводарители кои несебично беа дел од нашата успешна приказна денес!
 
Благодариме,
Црвен Крст на Република Северна Македонија Општинска Организација Кисела Вода
 
< врати се назад