
ноември 7, 2020
Успешна соработка во рамки на кампањата по повод одбележувањето на “Недела на борба против гладта” 16.10-16.11.2020 година.
Во услови на ширење на пандемијата Ковид-19 се поголем е бројот на лица и домаќинства коишто се соочуваат со потешкотии во обезбедување на храна и намирници за нормално функционирање во секојдневието.
За таа цел Црвен крст на Р. Северна Македонија-Општинска Организација Кисела Вода традиционално се приклучува во спроведување на низа активности во рамки на кампањата под мотото: “Помислете и на нас” со цел поттикнување на граѓаните, компаниите и училиштата да се вклучат кон нашата хумана иницијатива.
Оваа година кампањата “Недела на борба против гладта” ја одбележавме со еден поинаков тек на активности кои беа спроведени согласно препораките и мерките од
Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë
.На помалку од две недели пред крајот на кампањата, можеме да сумирамe и да се заблагодариме на досегашните поддржувачи и соработници, коишто во оваа кампања беа наша неизмерна поддршка,
БЛАГОДАРНОСТ ДО:

TINEX
маркети, кои обезбедија-Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош
иЦрвен Крст на РСМ ОО Кисела Вода
да ги реализираат предвидените штандови.
Helium Caffe

Deja Vu Capitol Mall

Dobra Voda
/МАГРОНИ ДОО, Скопје

Alfa Televizija

Веруваме дека ќе продолжиме да чекориме заеднички низ сите понатамошни календарски и не календарски активности, проекти и настани во рамките на Црвениот крст. Среќни сме што сме опкружени со солидарни, позитивни и тимски настроени лица како Вам, драги наши луѓе!


