јуни 20, 2024
Топлотен бран
ТОПЛОТЕН БРАН
Младите на Општинска организација Кисела Вода денес беа на терен каде што делеа вода на случајни минувачи на територија на Општина Аеродром и Кисела Вода како дел од справувањето со Топлотниот бран што ја зафати нашата земја.
Препораки за заштита од Топлотниот бран:
Избегнувајте излегување и тешка физичка работа за време на најтоплиот период од денот, односно од 11 часот, па се до 17 часот!
Често туширајте се и освежете се со ладен напиток, особено вода!
Носете светла и лесна облека и користете креми за сончање, со фактор прилагоден на вашата кожа!
Избегнувајте конзумирање на тешка и мрсна храна, како и храна со високо количество на шекери!

