јуни 3, 2021
Тој е наш херој! Марко е секој еден од нас кој го носи знакот на Црвениот крст!
Марко Бојаровски е младинец кој има 16 години, а веќе две години волонтира во оштинската организација на Црвен крст Кисела Вода. Веќе еден месец е дел од тимот на 30 волонтери кои даваат поддршка во процесот на вакцинација во СЦ “Борис Трајковски”.
“Повозрасните луѓе се многу благодарни за помошта која ја добиваат од нас -волонтерите. За мене ова е предобро искуство и лично ми е важно што имам разбирање и поддршка од моите родители”-рече Марко.
Тој е наш херој! Марко е секој еден од нас кој го носи знакот на Црвениот крст!
Aleksandra Ristovski