јуни 3, 2021
Тие се наши, но и ваши херои – волонтери даваат поддршка во процесот на вакцинација во главниот град
Повеќе од 40 волонтери од Црвен крст на град Скопје и 5-те Општински организации на Црвен крст во Скопје, даваат поддршка во процесот на вакцинација во главниот град.

Млади, насмеани, позитивни, ведри даваат поддршка на граѓаните. Тие се првите со кои граѓаните имаат можност да разговараат. Тие им го намалуваат стравот, особено што некои од нив доаѓаат сами. Тие им даваат убав збор, насмевка. Ги пречекуваат и ги водат до местото за вакцинација.

И нештата веќе се полесни. Граѓаните како да имаат некој свој роднина, пријател, поддржувач во секој еден волонтер 

Тие се наши, но и ваши херои.
