јуни 20, 2020

Теренска активност, превенција и заштита од 𝐂𝐎𝐕𝐈𝐃-𝟏𝟗

Црвениот Крст на Република Северна Македонија Општинска Организација Кисела Вода во соработка со општината Кисела Вода и градоначалникот Филип Темелковски обезбедија околу 500 парчиња заштитна опрема, маски и ракавици. Поддршка на настанот дадоа и полициските службеници од одделот за превенција при полициската станица Кисела Вода, кои заедно со волонтерите поделени во тимови ги опфатија фреквентните јавни површини.
На граѓаните им се подели информативен материјал со потсетување да внимаваат на сопственото здравје, да се придржуваат до препораките и задолжително да носат на себе заштитна маска.
Посебна благодарност до градоначалникот г-дин Филип Темелковски и СВР Скопје, кои несебично секогаш даваат поддршка и можност да Црвениот Крст допринесе во активноста со своите можности. Веруваме во голем број успешно реализирани активности во иднина.


Огромна благодарност од нашиот секретар и волонтерите искажуваме кон волонтерот Синиша Зукиќ од Црвен крст на град Скопје/City Red Cross of Skopje кој воедно е дел од мобилните тимови кои се секојдневно во служба на граѓаните.

𝟏𝟗.𝟎𝟔.𝟐𝟎𝟐𝟎
Низ нашиот објектив неколку во прилог,
од нашата волонтерка Анастасија Илиевска:

< врати се назад