март 28, 2021
Светски ден на туберкулозата (ТБ)
Црвениот крст на Република Северна Македонија секоја година на 24 март го одбележува Светскиот ден на туберкулозата со цел да се подигне јавната свест за туберкулозата, која продолжува да биде голем глобален здравствен проблем.
Туберкулозата (ТБ) убива околу 4.000 луѓе секој ден, меѓу нив 700 деца.
Тоа значи дека 3 лица умираат од ТБ секоја минута! Но, со навремено дејствување, можеме да ставиме крај на оваа болест што може да се спречи и да се лекува.
-секој трет пациент со ТБ има форма на болест отпорна на повеќе лекови и стапката на успех во третманот е недоволно оптимална.
Светскиот ден на туберкулозата 2021 година е можност да се фокусираме на успесите и достигнувањата, истовремено изразувајќи предупредување за закана од туберкулозата отпорна на лекови и последиците предизвикани од пандемијата со КОВИД-19.