ЈУБИЛЕЕН 10-ТИ РОДЕНДЕН КЛУБ НА МЛАДИ!
ноември 21, 2020

Среќен роденден ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА КИСЕЛА ВОДА! Честит ЈУБИЛЕЕН 10-ТИ РОДЕНДЕН КЛУБ НА МЛАДИ!

Во овој миг, прославуваме 43 години постоење на нашата Општинска Организација Кисела Вода и 10 години постоење на клубот на млади.
Брзо поминуваат сите моменти, без разлика дали се добри или лоши, а членовите од ден на ден се менуваат, некои си одат, а некои доаѓаат, но најважното е дека сите имаме иста цел, сите сме исти, секој со секој се почитува и сите ни се подеднакво драги.
Денес после 10 години постоење на клубот на млади, тој брои нешто повеќе од 120 активни членови кои неуморно, кога и да се потребни излегуваат на терен и се борат за подобро утре, не само за себе, туку и за останатите.
Зарем низ годините би успеале да спроведеме толку прекрасни проекти кои секој од прв до последен, резултирале со огромен успех, без сите Вас драги наши волонтери, членови, соработници и пријатели? Не веруваме, поради тоа што овие години покажавме дека сме обединети и дека сите заедно со најголема поддршка од младите, сме незапирливи во нашата мисија. Докажавме дека нема моќ како моќта на младите!
Да продолжиме да создаваме, да се радуваме и радоста да ја пренесуваме!
И млади и ‘стари’, заедно да чекори во амблемот и заедничката мисија.
Среќен роденден ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА КИСЕЛА ВОДА!
Среќен ЈУБИЛЕЕН 10-ТИ РОДЕНДЕН КЛУБ НА МЛАДИ!
Создадено со љубов.
Image may contain: 4 people, text
< врати се назад