јануари 28, 2021

Работна средба со Пошта на Северна Македонија и претставници- волонтери од Црвен крст

На покана на директорот на Пошта на Северна Македонија, г-дин Јани Макрадули на ден 25.12.2020 година беше реализирана работна средба со претставници- волонтери од Црвен крст на град Скопје и Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Кисела Вода.
 
На средбата директорот г-дин Јани Макрадули се заблагодари на волонтерите за нивниот придонес и целокупен ангажман за промоција на кампањата #ИспратиЧеститка #ИспратиПодарок преку #ПоштаМКД.
 
Средбата ја завршивме со желби за заедничка успешна соработка во новата 2021 година!
< врати се назад