јуни 3, 2021

Проекција на филм “Колку брусници има во светот?“

Можно е да е слика од 10 луѓе, екран и текстМожно е да е слика од 2 луѓе и текстЦрвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар, во соработка со Здружение на граѓани за поддршка на лицата со посебни потреби „СОЛЕМ“, Црвен крст на РСМ – Општинска организација Кисела Вода и ПСУ „Алгоритам“, реализираше ZOOM проекција на филмот “Колку брусници има во светот?“ во рамки на проектот „Деца не се раѓаат со предрасуди“.
Проектот „Деца не се раѓаат со предрасуди“ е проект на Глада Худик Театар од Шведска. Здружението „СОЛЕМ“ е координатор на овој проект во РСМ, а истиот се реализира и во Шведска, Латвија и Грузија.
Целта на оваа активност е подигање на свеста кај учениците, наставниците и пошироката популација за лицата со интелектуална попреченост и надминување на стереотипите и предрасудите.
Филмот прикажува како системот во државата, но и родителите, понекогаш ги спречуваат лицата да ги покажат своите вештини и таленти. Со соодветна поддршка од заедницата и асистентите може да се постигне многу и да се влијае врз промена на системот.
Лицата со интелектуална попреченост треба да се мотивираат и поттикнуваат да ги покажат своите таленти и вештини.
Во филмот глумат актери со и без интелектуална попреченост.
Овој филм е во режија на Пер Јохансон кој, всушност, е и директор на Глада Худик Театар од Худсквил Шведска. Филмот се базира на вистинската приказна на Пер.
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар, во соработка со Здружение на граѓани за поддршка на лицата со посебни потреби „СОЛЕМ“, Црвен крст на РСМ – Општинска организација Кисела Вода и ПСУ „Алгоритам“, реализираше ZOOM проекција на филмот “Колку брусници има во светот?“ во рамки на проектот „Деца не се раѓаат со предрасуди“.
Проектот „Деца не се раѓаат со предрасуди“ е проект на Глада Худик Театар од Шведска. Здружението „СОЛЕМ“ е координатор на овој проект во РСМ, а истиот се реализира и во Шведска, Латвија и Грузија.
Целта на оваа активност е подигање на свеста кај учениците, наставниците и пошироката популација за лицата со интелектуална попреченост и надминување на стереотипите и предрасудите.
Филмот прикажува како системот во државата, но и родителите, понекогаш ги спречуваат лицата да ги покажат своите вештини и таленти. Со соодветна поддршка од заедницата и асистентите може да се постигне многу и да се влијае врз промена на системот.
Лицата со интелектуална попреченост треба да се мотивираат и поттикнуваат да ги покажат своите таленти и вештини.
Во филмот глумат актери со и без интелектуална попреченост.
Овој филм е во режија на Пер Јохансон кој, всушност, е и директор на Глада Худик Театар од Худсквил Шведска. Филмот се базира на вистинската приказна на Пер.
< врати се назад