февруари 9, 2021

Продажни штандови по повод одбележување на денот на љубовта и виното

Кога говориме за љубов, истовремено се насетуваме на поддршка, сплотеност и споделување радост.
Нашата организација и оваа година со поддршка од малите бизнис донатори ширум нашата земја се вклучува во реализација на хуманитарни продажни штандови по повод Одбележувањето на “Денот на љубовта и виното”.
 
За таа цел, почитувани граѓани и пријатели Ве повикуваме да нѐ посетите и да ја искажете Вашата хуманост на дело. Преку Вашата поддршка на терен ќе допринесете за успешна реализација на активноста и помош и поддршка на социјално ранливите семејства во заедницата.
 
Секој мал чекор, заеднички нѐ води до големи промени и соништа.
 
Создадено со љубов.❤️
May be an image of текст
< врати се назад