јуни 3, 2021
Продажни штандови
По повод престојните Велигденски празници, во викендот што ни следува ќе бидат организирани продажни штандови во соработка со Тинекс маркетите и малите интернет бизниси кои дадоа свој придонес за остварување на иницијативата на младите, а таа има за цел да се придонесе за радост и убавина во сечиј дом пред празниците. Волонтерите преку својата замисла ќе придонесат за помош и поддршка на социјално загрозените семејства и лицата погодени од состојбата од Ковид-19.
Веруваме дека ќе не посетите на некоја од наведените локации и ќе бидете дел од нашата хумана иницијатива!
Ве очекуваме и Ви се радуваме.
