
јануари 18, 2024
Потпишан меморандум за соработка со Општина Студеничани
Во просториите на Општина Студеничани на ден 18.01.2024 година од страна на градоначалникот на Општина Студеничани Азем Садики и секретарот на Црвен Крст Општинска организација Кисела Вода Дејан Ѓорѓиевски беше потпишан меморандум за соработка помеѓу Општина Стиденичани и Општинска организација Кисела Вода.
Со овој меморандум се зајакнува соработката помеѓу Општината и Црвениот крст, а ние веруваме дека во периодот кој следи ќе имаме успешни и квалитетно реализирани активности за добробит на граѓаните.

