
април 4, 2024
Подготовки за Општински натпревар по Прва помош – 2024
На ден 04.04.2024 во ДХО „Даре Џамбаз“ со почеток во 09:00 часот, демонстраторите по Прва помош од Општинска организација Кисела Вода им направија краток вовед за сѐ она што ги очекува членовите на екипите по Прва помош, како ќе се одвиваат подготовките, датум на одржување на натпреварот и динамика на вежбање.
Со вкупно 1 демонстратор по Прва помош, кои ќе бидат ментори на 21 екипа од основните и средните училишта на територија на Општина Кисела Вода.
За време на настанот, секоја група доби свој ментор со кој имаа можност да се запознаат и да ги договорат датумите за првите обуки.
Екипите се возбудени и со нетрпение чекаат да почнат со обуките!
