
декември 1, 2021
“Подари пакетче, подари радост”
Месец на подароци, за среќни моменти!


Почитувани,
Во пресрет на новогодишните празници, Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Кисела Вода, традиционално како и секоја година под мотото: “Подари пакетче, подари радост” доделува новогодишни пакетчиња за децата при:
•СОС Детско село;
•деца кои боледуваат од канцер при одделот за хематологија при Клинички центар “Мајка Тереза”;
•Здружение на деца со спинална мускулна атрофија;
•Здружение на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп и ретки болести „Дајте ни крилја“;
•ПОУ ”Д-р. Златен Сремец“,
•Асоцијација Ластовици;
•Здружение на лица со интелектуална попреченост “Во мојот свет”;

Оваа година пакетчињата ќе бидат доделени на 24.12.2021 година (петок), согласно мерките и препораките од Министерството за здравство и Владата. И покрај тоа што, Корона вирусот ни донесе нова реалност, Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Кисела Вода со помош и поддршка од страна на Секторот за внатрешни работи и ИПА (Интернационална полициска асоцијација) Скопје, нема да дозволи да згасне празничниот дух кој ни носи неизмерна радост во овој период од годината.
Замислата на волонтерите е преку централен настан, тематски определ како: “Реални и надреални суперхерои”, да се доделат пакетчиња на
локација: Дневен центар за лица со интелектуална попреченост “Пролет”, општина Центар (ул. Пролет бр. 39, на паркингот кај Веро Џамбо).

И оваа година, наидовме на голема поддршка од страна на општествено одговорни компании и поединци, кои дополнително ќе бидат истакнати како позитивни примери во заедницата.

“Just remember, the true spirit of Christmas lies in your heart”-the Santa Claus.
Xo-xo-xo

Со љубов.
