декември 19, 2020

Под слоганот: “Подари пакетче, подари радост” даривме радост, љубов и топлина на околу 350 дечиња со ретки болести и деца од социјален ризик.

     Новата реалност, ни донесе и нов предизивик да ја реализираме оваа наша кампања со многу новитети и двојно повеќе внимание. Бесценето е да се види радоста на детските лица додека ги отвораат новогодишните пакетчиња и подароци. Тие уживаат во добивањето подароци, а ние, ние преку нашата организација ги учиме дека подарувањето овозможува радост и топлина во сечие срце.
   Во текот на вчерашниот ден 18.12.2020 година, нашите волонтери-ентузијасти кои беа излезени на терен со огромна насмевка на лицата, придонесоа за успешна реализација на нашата традиција и оваа година.
Овој пат поделивме радост на децата и младинците при:
    ПОУ Д-р Златан Сремец
    Здружение на деца со спинална мускулна атрофија
    Здружение на лица со вродени срцеви малформации Q2
     Здружение на деца со дисфункции, ретки болести и хендикеп “Дајте ни крилја”.
    Деца од социјален ризик при с. Долно Количани.
    Деца од социјален ризик при општина Сопиште.
    Деца од социјален ризик при с. Патишка река.
    Деца и младинци со оштетен слух при ОУ”Кузман Јосифовски-Питу”.
    Движење на родители на деца и лица со телесна попреченост НВО ПРКОС.
    Здружение на слепи и лица со оштетен вид, Скопје.
    Деца и младинци со оштетен вид при ОУ”Димитар Влахов”
Здравјето, добрите навики и среќата на децата се во фокусот на речиси сите општествено одговорни активности на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Кисела Вода. Насмевките на децата се она што му дава смисла на нашето волонтирање, на сите постигнати успеси и токму поради тоа подарувањето на новогодишни пакетчиња ни причинува задоволство!
Со цел да ги развеселиме децата од сите локации, атмосферата беше уште поавтентична поради сите маскоти на суперхерои и забавни ликови кои предизвикаа забава и дружење со нив. И овој пат успеавме да докажеме дека невозможното, само заеднички може да стане возможно и достижно, и во време на оваа светска пандемија успеавме да предизвикаме насмевка на детските лица и солзи радосници на сите присутни. Без разлика на тоа што оваа година не беа присутни прегратките, сепак радоста беше прикажана од секој можен аспект, а тоа не мотивира да продолжиме да бидеме хумани организирајќи уште голем број вакви убави проекти кои на секој начин резултираат со успех.
Во оваа прилика изразуваме огромна благодарност и до:
1. Компанија Бабун
2. Леона, Свети Николе
3. EdiToys
4. Signum plus
5. МАСКОТИ И АНИМАЦИЈА
6. Тинекс маркети
7. Фротирка компани АД, Делчево
8. fancy.mk_always
9. Маргони вода
10. Балони Твистер
11. Алегра
12. Виталиа
13. Миа балони
14. Тиноски
15. Тримакс
16. Зегин аптеки
17. Алпско млеко
18. Колид фудс, Скопје
19. АРС Ламина
20. S&S SILVY STYLE
21. Де-Та Дејан
22. Незири комерц
23. МакПрогрес (Винчини)
24. БИОТЕК лабараторија
Фотограф на настанот: Фросина Левковска
Медиумски покровител на настанот ИНФОМАКС.МК
За целокупната соработка и подршка која веруваме дека ќе продолжи и понатаму низ годините: “Овие донатори, се донатори кои уште од 2017та година даваат неизмерна поддршка и поткрепа на оваа кампања и веруваме дека оваа кампања ќе добива се поголеми размери во иднина”.
Клише ќе биде ако овој убав настан “Подари пакетче, подари радост” го завршиме со благодарност. Ние би рекле: Среќни сме што се имаме едни со други, да се радуваме, да уживаме во миговите и да создаваме радост. Нашата хумана мисија е исполнета, 2020та може да заврши!
Ви посакуваме добро здравје и полна душа радости!
 
 
 
 
 
 
< врати се назад