март 15, 2024

Одбележување на 17ти Март – Ден на крводарителството во РСМ

 
По повод одбележување на 17ти Март – Ден на крводарителството во РСМ, беа доделени благодарници, значки и плакети на истакнати крводарители за 5,10,25 и 50 дарувања.
 
Стерја Димов е истакнат крводарител кој оваа година, се стекна со плакета за 50 дарувања. Стерја е редовен поддржувач на крводарителските акции, мотиватор на многу млади и редовен дарител на крвна плазма.
 
Посакуваме во иднина уште многу граѓани да ја следат хуманата мисија на Стерја и да бидат дел од ваков благороден чин.
< врати се назад