ноември 2, 2026

Одбележување на 1 Октомври – Меѓународен ден на старите лица

По повод одбележување на 1ви Октомври – Меѓународниот ден на старите лица, Црвен крст на РСМ – Општинска организација Кисела Вода органзираше посета во Здружението на пензионири Кисела Вода – огранок Зелениково. Волонтерите на Црвениот крст мереа шеќер во крвта и крвен притисок, како и спроведоа освежителна обука по прва помош за членовите на огранокот со повреди кои се најчести за возрасните лица.
Исто така, волонтерите го посетија и Домот за стари лица Сончев Дом Тодоровски во с. Ракотинци при што на старите лица им се одржа дисеминација и им се подари пригодни подароци. Исто така се мереше и шеќер во крвта и крвен притисок.

< врати се назад