јануари 28, 2021
Обезбедени УВ лампи за стерилизација во училниците на училиштето ПОУ “Д-р Златан Сремец”
Посебното основно училиште “Д-р Златан Сремец”, Скопје оваа учебна 2020/2021 година воспитува и образува 103 ученика со посебни потреби (со пречки во психичкиот развој, аутизам и мултихендикеп). Ова училиште учебната година ја започна со настава која вклучува физичко присуство на учениците, следејќи ги препораките и протоколите од Министерството за здравство и владата.
За безбедно да ги минуваат училишните денови, Општинска Организација Кисела Вода на училиштето му обезбеди 3 (три) УВ неонки за прочистување на воздухот во просториите кадешто учениците го поминуваат најголемиот дел од времето. Без разлика на посебноста и различноста на овие деца кои заслужуваат посебна нега, тие го имаат правото на идентични услови како останатите деца за цел подобро разивање и прилагодување на животните стандарди.
Ви благодариме на соработката и несебичната помош и поддршка!