
ноември 4, 2020
ОБЕЗБЕДЕНИ ДИГИТАЛНИ ТЕРМОМЕТРИ, СТАЛАЦИ ЗА ДЕЗИНФЕКЦИЈА И СРЕДСТВА ЗА ДЕЗИНФЕКЦИЈА ЗА 6 (ШЕСТ) ОСНОВНИ УЧИЛИШТА
Црвен крст на Р. Северна Македонија- Општинска организација Кисела Вода во период од 02-04.11.2020 година, согласно препораките и насоките од Централната канцеларија и Црвен Крст на град Скопје, реализираше дистрибуција на дигитални термометри, сталци за дезинфекција и средствa за дезинфекција во 6 (ШЕСТ) основни училишта:
1. Драга Стојанова, с.Ракотинци
2. Алија Авдовиќ, с.Батинци
3. Наим Фрашери, с.Студеничани
4. ПОУ Златан Сремец
5. ДУРДМОВ Димитар Влахов
6. Марко Цепенков, о. Зелениково
Веруваме дека оваа донација ќе најде голема примена кај учениците, родителите и вработените во овие училишта. Во време на пандемија со Ковид-19, приоритет ни претставува да се грижиме за нашето здравје и здравјето на сите околу нам!
