
март 28, 2021
Неделата на борба против срцево-садови заболувања, под мотото “Здраво срце, среќно срце”
Согласно календарот на традиционални активности на Црвен крст на Република Северна Македонија, во периодот од 21 до 28 Февруари 2021 година ќе се одбележи Неделата на борба против срцево-садови заболувања, под мотото “Здраво срце, среќно срце”. Болестите на срцето и крвните садови претставуваат голема хетерогена група на заболувања и водечка причина за смрт во Република Северна Македонија. Според податоците на Институтот за јавно здравје дури 57% од смртните случаи на годишно ниво се последица на срцево- садови заболувања.

Оваа година во склоп на одбележувањето на Неделата на срцево- садови заболувања, Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Кисела Вода реализираше 2 (две) активности:
Активност 1: Мерење шеќер во крвта и крвен притисок на 75 пензионери од Државниот пензионерски дом во населбата Аеродром. Активноста ја реализираше Д-р. Илија Глигоров со помош и поддршка од волонтерите во период од 4 саати, поделено во два дена.
Активност 2: Едночасовна он-лајн едукација за срцево-садови заболувања одржана од страна на Д-р. Теодора Крстевска, наменета за претставниците на локална самоуправа, родителите и волонтерите.