јуни 3, 2021

„Недела на солидарност“

Во рамки на кампањата: „Недела на солидарност“ во период од 19.04 – 25.04.2021г. , Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Кисела Вода заедно со основните училишта на територија на општина Кисела Вода, Драчево, Зелениково и Сопиште се вклучија во акцијата со цел да се подигне свеста на населението за потребата на меѓусебната помош и поддршка за ранливото население.
Огромна благодарност до училиштата кои придонесоа за успешна реализација на кампањата:
1. ООУ „Партенија Зографски“
2. ООУ „Ѓорѓија Пулевски“
3. ООУ „Гоце Делчев“
4. ООУ „Љубен Лапе“
5. ООУ „Марко Цепенков“
6. ООУ „Кирил Пејчиновиќ“
7. ООУ „Св. Климент Охридски“
8. ООУ „Круме Кепески“
Во наредниот период ќе бидат подготвени хуманитарни пакети со храна и хигиена и истите ќе бидат дистибуирани на територија на нашата Општинска организација.Нема опис за фотографијата.
< врати се назад