јуни 3, 2021
„Недела на солидарност“
Во рамки на кампањата „Недела на солидарност“ учениците, наставниците и родителите при ООУ „Марко Цепенков“ организираа собирна акција на прехрамбени производи и хигиенски средства. Од собраната количина волонтерите на Црвениот крст формираа 10 хуманитарни пакет и истите ги дистрибуираа до 10 социјално-загрозени семејства на територија на Општина Зелениково со помош и поддршка од назначениот наставник од училиштето кој е одговорен за соработка со Црвениот крст.