ноември 16, 2020
Недела на грижа за старите лица (16 – 22 ноември)
Современиот свет е во процес на демографска транзиција, не само во поглед на забавување на порастот на населението, туку и неговата структура е во фаза на менување поради намалување на учеството на младите и зголемување на старите лица. Како и во другите земји, и во Република Северна Македонија бројот на старото население расте, а се очекува тој тренд во иднина уште повеќе да се зголеми.
Покрај помошта што ја обезбедуваат надлежните институции, грижата и помошта на старите лица е една од основните програмски активности на Црвениот крст на РСМ. Особено се дава значаен акцент за развој на сервиси за испорака на социјални и здравствени услуги за помош и грижа на старите лица во домашни услови.
Со цел да се потенцира значењето за потребата од зголемена интеграција на старите лица, Црвениот крст на Република Северна Македонија, од 16 до 22 ноември 2020 година, со соодветни активности ќе ја одбележи Неделата на грижа на стари лица, под мотото „Сите сме нивни деца“.