октомври 12, 2020

КУД “Григор Прличев” одбележа 75 години постоење преку организирање целовечерен концерт, на кој поддршка даде и Црвен Крст на Р. Северна Македонија- Општинска Организација Кисела Вода.

Концертот под повод Одбележувањето на 75 години музичка фолклорна кариера беше организиран на отворено во согласност со препораките, каде присуствуваа голем број на музички уметници, родители и соработници на ансамблот.
За овој настан од страна на Црвен крст на Р. Северна Македонија Општинска Организација Кисела Вода беа ангажирани 10 волонтери од кои дел беа логистичка поддршка, а дел беа задолжени за организација и спроведување на гостите, како и почитување на протоколите.
Голема чест ни претставуваше што бевме дел од целокупната организација и припрема за овој прекрасен настан, воедно и благодариме на кореографот Стефан Ѓиноски и претседателот на ансамблот г-дин Мирко, за поканата и соработката.
Искрени честитки!
Image may contain: 6 people, outdoor
 
 
 
< врати се назад