Возрасните лица од Долно Лисиче денеска имаа можност да го проверат своето здравје во акција организирана од Црвен крст – Кисела Вода.
На заинтересираните граѓани им беше извршено мерење на крвниот притисок, на шеќерот во крвта и телесната тежина. Лекарите им даваа и совети за одржување и подобрување на нивното здравје.