декември 10, 2020

Кампања “Подари пакетче, подари радост„

Нашата хуманост нe познава граници, и во услови на пандемија, новогодишната магија нема да запре, благодарение на младите ентузијасти– волонтери при Општинска Организација Кисела Вода кои неуморно, во секој момент имаат желба и мотив да прават добри дела, вклучувајќи ја и кампањата „Подари пакетче, подари радост“.
Оваа година подаруваме новогодишни пакетчиња на најмалите, дечиња со ретки болести при Здружение на лица со вродени срцеви малформации Q20, Здружение на деца со спирална мускулна атрофија, Здружение на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп и ретки болести „Дајте ни крилја“, Државно училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ – Скопје и ПОУ „Златен Сремец“, кои веруваме дека на 18ти декември ќе не пречекаат со огромна насмевка на лицето и полни со радост и позитивна енергија.
Зарем има нешто повредно од детската среќа? – Се разбира дека не, она кое што најмногу не радува е детскиот лик и нивната ведрина. Поради радоста на овие деца, секој од нас може да биде нечиј Дедо Мраз.
Во нивните очи, ние сме суперхерои на денешницата, затоа да подаруваме, да се радуваме! Сите заедно. Не е доцна да ни се приклучите и Вие драги луѓе! Бидете и Вие дел од нас и нечиј Дедо Мраз!
Оваа 2020 година активноста: “Подари пакетче, подари радост” ќе ја поддржат следниве компании:
1. Компанија Бабун
2. Леона
3. EdiToys
4. Сигнум плус
5. Анимација и декорација ММ
6. Тинекс маркети
7. Фротирка компани АД, Делчево
8. fancy.mk_always
9. Маргони
10. Балони Твистер
11. Алегра
12. Виталиа
13. Миа балони
14. Тиноски
15. Тримакс
16. Зегин аптеки
17. Алпско млеко
18. Колид фудс, Скопје
19. АРС Ламина
Создадено со љубов.❤️
 
< врати се назад