мај 21, 2024

ИЗБОР НА РАКОВОДСТВО И КООРДИНАТИВНО ТЕЛО НА КЛУБОТ НА МЛАДИ

Црвен Крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Кисела Вода, секој период од 2 години, избира ново раководство на Клубот на млади.
 
На ова изборно собрание, кандидатите за Лидер и Заменик Лидер на Клубот на млади, ја презентираа својата програма за наредните 2 години, каде што ветија дека активно ќе работат со младите, за брзо и навремено, а воедно креативно и успешно да ги завршат сите активности дадени во Годишниот план за Работа со млади на Општинска организација Кисела Вода.
 
Оваа година, мандатен период од 2024 до 2026 година:
 
За ЛИДЕР, младите го одбраа Стефан Тодороски – долгогодишен и активен член и волонтер на нашата Општинска организација.
 
За ЗАМЕНИК ЛИДЕР, младите ја одбраа Ева Атанасова – исто така долгогодишен и активен член и волонтер на нашата Општинска организација.
 
Раководството на Општинска организација Кисела Вода, предводено од нашиот почитуван секретар Дејан Ѓоргиевски им го честита изборот на Лидер и Заменик Лидер на Клубот на млади при Општинска организација Кисела Вода.
< врати се назад