јуни 3, 2021
“Играта на зборови може да повреди”
Во рамки на проектот: “Играта на зборови може да повреди”, Општинската организација Кисела Вода и одделението за превенција при СВР Скопје моментално ја реализираат првата фаза од проектот, фазата на превенција. Во рамки на истата се спроведуваат информативно-едукативни предавања на учениците од 7мо, 8мо и 9то одделение од страна на инспектор за компјутерски криминал при Секторот за внатрешни работи, Скопје.
Едукациите во основните училишта на територија на општина Кисела Вода се уредно закажани и поддржани од градоначалникот г-дин Филип Темелковски и стручниот соработник за спроведување на проекти во предучилишно и основно образование при општина Кисела Вода.
досега опфатени се основните училишта:
ОУ”Партенија Зографски”; ОУ”Кузман Јосифовски-Питу”; ОУ”Рајко Жинзифов”; ОУ”Св.Климент Охридски”, ОУ”Кирил Пејчиновиќ”.
реализирани 10 предавања во времетраење од 1 (еден) час на тема: “Дигитално насилство”- Сајбербулинг.
околу 600 ученици/ наставници слушатели.
активноста продолжува и во наредниот месец каде е предвидено да се опфатат училиштата на територија на општина Аеродром и Сопиште.
Продолжуваме неуморно во реализација на проектот и подигнувањето на јавната свест за постоењето на проблемот особено изразен во услови на пандемија со Ковид-19.