јуни 3, 2021

“Играта на зборови може да повреди”

Со многу љубов и големо задоволство Ви го претставуваме новиот видео запис, кој е плод на соработката со Ведрана Стојановска и Денис Ампов во рамки на проектот: “Играта на зборови може да повреди”.
На наша голема радост, изминатиот период во рамки на проектот за дигитално насилство помеѓу младите остваривме уште една значајна соработка со Ведрана Стојановска, професор по предучилишно воспитание и основач на здраво детство и Денис Ампов, тренер за личен раст и развој, особено присутен во работата со младите.
Темата на видеото го отсликува насловот на проектот и има за цел да ги охрабри младите да ја разберат сериозноста на сајбербулингот и да ги поттикне да го пријават ова лошо и негативно однесување преку нашата телефонска линија и електронска пошта креирани во рамки на социјалниот сервис. Ние сме искрено среќни и благодарни за оваа нивна иницијатива и желба и им благодариме од сѐ срце за целокупниот досегашен ангажман, кој ветува плодна соработка и на други полиња во иднина.
Видеото е објавено на нашиот YouTube канал и со нетрпение очекуваме да ги слушнеме Вашите реакции и импресии.
https://l.facebook.com/l.php?u=https%3A%2F%2Fyoutu.be%2FqOL3Fe5oMlM%3Ffbclid%3DIwAR0KpE7phHSpfVHe8EweXC3Y4VFRXWMXt_UaRqMXdYDsIVVbo5zLglvSZ5c&h=AT3Dc8JB6xrJxFgNikat8DT1–nKSTfPeoc78XDbQzTL3xDW5W_W2hTIll1YAFY9Hm68WdfoH8h0LI4-nVQ83XBIq8Bgl2f2nStPg_kzMpOvUuvd8qGbArqY7_xESK4pXTng&__tn__=%2CmH-R&c[0]=AT3QccfGKBiVdVhLTHV78vxuA5VPUpSbZ7csq53cN25IlR4edQsghDjb8mARIgbR8ICmvTA6Q8Z87kE0rs6DiQWpyqyZ5Nmi3ZuSL01veuUTUpLs7_vT-_1y-Lq7pvxlW8WiSnJS2ATJ229I6fjMFbucZI-FjrhV3YaFggf91hAuL1A
< врати се назад