јуни 3, 2021

“Играта на зборови може да повреди”

Во рамки на проектот: “Играта на зборови може да повреди” успешно е реализирана уште една соработка во низа. Поддршка при реализација на информативните- едукативни работилници и креирањето на едукативни содржини и анкети за учениците дадоа и студентите од Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) под водство на проф. Д-р Владимир Трајковиќ.
Предметот Медиуми и комуникации кој го предава проф. Д-р Владимир претставува изборен предмет на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ, каде редовно студентите имаат можност да партиципираат со изработка на проекти и содржини од значење за младите и заедницата. Оваа година студентите Елена, Бојана, Стефан и Стојанчо како студенти во втора студиска година, ја разработија темата „Безбедноста на младите на социјалните мрежи“.
Во нивната колумна за fakulteti.mk тие споменуваат дека всушност понесени од желбата да го истакнат проблемот пред младите луѓе, посакале да земат активно учество за помош и поддршка на Црвениот крст во спроведување на проектот: “Играта на зборови може да повреди” во неколку основни и средни училишта на територија на град Скопје, меѓу кои и СУГС”Браќа Миладиновци” и ЦОУ” Драга Стојановска”.
Се надеваме дека пораката што ја носи нашиот проект ќе допре до младите и дека во иднина при користење на социјалните мрежи ќе бидат повнимателни и поодговорни, а проблемот со дигиталното насилство во иднина ќе започне да се редуцира.
Благодариме млади на Вашиот допринос❤️
успешно е реализирана уште една соработка во низа. Поддршка при реализација на информативните- едукативни работилници и креирањето на едукативни содржини и анкети за учениците дадоа и студентите од Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) под водство на проф. Д-р Владимир Трајковиќ.
Предметот Медиуми и комуникации кој го предава проф. Д-р Владимир претставува изборен предмет на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ, каде редовно студентите имаат можност да партиципираат со изработка на проекти и содржини од значење за младите и заедницата. Оваа година студентите Елена, Бојана, Стефан и Стојанчо како студенти во втора студиска година, ја разработија темата „Безбедноста на младите на социјалните мрежи“.
Во нивната колумна за fakulteti.mk тие споменуваат дека всушност понесени од желбата да го истакнат проблемот пред младите луѓе, посакале да земат активно учество за помош и поддршка на Црвениот крст во спроведување на проектот: “Играта на зборови може да повреди” во неколку основни и средни училишта на територија на град Скопје, меѓу кои и СУГС”Браќа Миладиновци” и ЦОУ” Драга Стојановска”.
Се надеваме дека пораката што ја носи нашиот проект ќе допре до младите и дека во иднина при користење на социјалните мрежи ќе бидат повнимателни и поодговорни, а проблемот со дигиталното насилство во иднина ќе започне да се редуцира.
Благодариме млади на Вашиот допринос❤️Можно е да е слика од 1 лице, стоење и внатреМожно е да е слика од внатреМожно е да е слика од 1 лице, стоење, дрво и надвор
< врати се назад