
„Играта на зборови може да повреди“
Одделението за превенција при СВР Скопје и Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Кисела Вода во заедничка кампања за превенција од сајбербулинг
Почитувани,
Oдделението за превенција при Сектор за внатрешни работи Скопје во соработка со Црвен крст на Општинска организација Кисела Вода, во периодот кој следи ќе реализира проект- финансиски поддржан од фондот за развој на проекти при Црвен крст на Република Северна Македонија насловен како: “Играта на зборови може да повреди”.
Во првата фаза од проектот, планирани се превентивни активности со што во основните училишта на територија на општина Кисела Вода ќе се одржат онлајн информативно – едукативни предавања со учениците од 7-мо, 8-мо и 9-то одделение. Согласно предвидената динамика едукативните работилници е предвидено да се реализираат двапати неделно, односно 3-4 училишта во неделата.
Целта на проектот е редуцирање на злоупотребата, вознемирувањето, омаловажувањето, клеветењето и заканите како и намалување на случаите на сајбер булинг преку превенција и зголемување на јавната свест за сериозноста на сајбер булингот и негово секојдневно егзистирање во онлајн наставата и живеење во КОВИД-19 пандемија.
Активностите ќе се реазилираат по предходно утврдена динамика во основните училишта во општините: Кисела Вода, Студеничани, Зелениково, Сопиште и Аеродром со почитување на мерките за заштита и спроведување на протоколите за заштита од КОВИД.
Извор: Биро за јавна безбедност
Сектор за внатрешни работи Скопје.