мај 15, 2024

Едукативно предавање за пилот програмата „Зелен волонтеризам“ во ООУ „Кузман Шапкарев“

На ден 14.05.2024 година во просториите на ООУ „Кузман Шапкарев“ , реализиравме едукативно предавање за пилот програмата „Зелен волонтеризам“. Во оваа програма беа опфатени учениците од Трето одделение, каде што тие имаа можност заедно со нас да организираат Еколошка акција во дворот на самото училиште.
🌳 Програмата „Зелен Волонтеризам“ е младинска програма во рамки на Црвен крст на Република Северна Македонија чија главна цел е подигање на свеста кај младата популација за последиците по здравјето предизвикани од зголемената акумулација на отпад, загадувањето на водата, почвата, воздухот и глобалното затоплување.
< врати се назад