јули 17, 2020

Црвен крст со крводарителска акција по повод 26 јули- сеќавањето на катастрофалниот земјотрес од 1963-та година

26ти ЈУЛИ- денот кога Скопје се сеќава на катастрофалниот земјотрес од далечната 1963 година. Традиционално како активност Црвениот Крст на Р. Северна Македонија Општинска Организација Кисела Вода во соработка со Институтот за транфузиона медицина и Црвен Крст на град Скопје организираат крводарителска акција токму на овој ден, ден на солидарноста.
Честа е наша, на нам како млади лица да дадеме свој допринос и да ја спроведеме оваа крводарителска акција успешно во целост.

А вам почитувани крводарители, Ве повикуваме да присуствувате на овој посебен ден и да бидете дел од најхуманиот и најблагороден чин, а тоа е крводарувањето!

📌Локација: дневен центар за крводарување при ДХО ДАРЕ ЏАМБАЗ

 ВРЕМЕ: 09:00-17:00часот

📅 ДАТУМ: 24.07.2020година (петок)

Благодариме Kurir за поддршката, која несомнено ни значи за да соодветно ги информираме нашите граѓани!

< врати се назад