Центар за прва помош – Црвен крст на град Скопје
„Првата помош спасува живот“
Првата помош треба да претставува секојдневие за секој еден човек, бидејќи се применува во секој сегмент во животот- дома, на работа, на училиште итн. Со оглед на важноста на Првата помош, донесени се и законски регулативи со кои се обврзуваат пред сѐ кандидатите за возачи, a понатаму и лицата во работни организации за задолжително посетување обуки и едуцирање за тоа кои се основите на ПП и како да укажат прва помош во случај на потреба.
Центарот за прва помош при Црвен крст на град Скопје отпочна со работа на 28.12.2020 година, како организациона единица, додека првата помош е секојдневна активност од неговото постоење. Центарот е концентрирана форма за едукации и обуки на територија на град Скопје, кои претходно се вршеа во рамки на Црвен крст Центар, Црвен крст Кисела Вода, Црвен крст Карпош, Црвен крст Чаир и Црвен крст Гази Баба.
Тимот во рамки на Центарот е составен од 5 лица (координатор, доктор, администратори) кои се задолжени за целокупна организација на обуките и едукациите на тема прва помош пред сѐ согласно законските регулативи. За реализација на обуките моментално се на располагање 27 доктори–предавачи, кои се задолжени за стручно предавање и едуцирање на кандидатите кои посетуваат обуки за прва помош и 18 демонстратори–парамедици, кои се задолжени за практичниот дел и изведувањето на првата помош во пракса. Обука по прва помош може да посетува секое лице со наполнети 15 години.
Во рамки на центарот се реализираат обуки за:
- Прва помош за возачи во траење од 8 часа; Цената на обуката изнесува 1.500 ден
- Прва помош за правни лица – работни организации:
Цената за обуката за основен курс во траење од 6 часа изнесува 1.200 ден
Цената за обуката за напреден курс 1 во траење од 8 часа изнесува 1.450 ден
Цената за обуката за напреден курс 2 во време траење од 13 часа изнесува 2.000 ден
- Прва помош за лица кои управуваат со пловни објекти во траење од 8 часа; Цената на обуката изнесува 1.450 ден
- Прва помош за физички лица во траење од 6 часа; Цената на обуката изнесува 1.200 ден.)
Центарот располага со 3 предавални и капацитет од 30 лица во ист момент за реализација на обука, односно 60 лица на дневна основа кои би посетувале некоја од погоре наведените обуки во услови на КОВИД 19 со дадени мерки за заштита и организирање на обуки.
Работно време: Центарот за прва помош при Црвен крст на град Скопје работи од понеделник до петок од 08:00 – 20:00 часот. Обуките се рализираат во 2 термина во текот на денот и тоа 09:00-12:30 и 16:30 – 20:00 ( со вклучени паузи, земајќи ги во предвид препораките и мерките за заштита од КОВИД 19).
Пријавувањето можете да го извршите во просториите на Центарот за прва помош во ДХО Даре Џамбаз на ул. 11 Октомври 42а, ( а веќе од 1 февруари на Ул. 11 октомври 42 ) на тел: 072/208-456 и 072/208-529, и на маил skopje.prvapomos@redcross.org.mk.
Подетални информации можете да добиете на наведените телефони.
Извор: Црвен Крст на Република Северна Македонија