септември 26, 2020

Целовечерен концерт посветен на бегалците

Диригентот Ерхан Шукри и гудачкиот камерен оркестар “АРКО” организираа целовечерен концерт посветен на бегалците, во соработка со Црвен Крст на Р. Северна Македонија- Општинска Организација Кисела Вода.
 
  Концертот под мотото “КАРТА ЉУБОВНА” беше организиран на отворено во согласност со препораките, во Музејот на македонската борба каде присуствуваа голем број на преставници од музичката сфера, претставници од УНХЦР, делегати и сл. Едночасовниот концерт беше посветен на бегалците, а се пееше на повеќе јазици меѓу кои беа македонскиот, арапскиот и турскиот.
 
Упатуваме искрени честитки кон диригентот Ерхан Шукри кој маестрално и многу емотивно го донесе целиот концерт, а искрено и од срце посакуваме да нашата соработка продолжи и во иднина!
 
Голема чест ни претставуваше што бевме дел од целокупната организација и припрема за овој голем и посебен настан за секој еден од нас.
< врати се назад