
февруари 9, 2021
Благодарност до нашите донатори
Почитувани наши донатори и поддржувачи, бесценета е радоста кога ја споделуваме заедно! Благодарни сме Ви
Ars Lamina за досегашната поддршка, навистина ни е значајна особено во овие мигови.

Следејќи ја својата хумана мисија, издавачката куќа „Арс Ламина“ на крајот на 2020 година додели новогодишни донации овој пат насочени кон две организации – Првата детска амбасада „Меѓаши“ и Црвениот крст – Кисела Вода. Богат избор на книги беа насочени кон деца кои се дел од социјално загрозени семејства и деца со посебни потреби, со оштетен слух, со спинална и мускулна атрофија, со вродени срцеви малформации, дисфункции, ретки болести и хендикеп итн.