
ноември 1, 2020
Ансамбл “Никола Јонков Вапцаров” одбележа 42ри по ред Вапцарови денови преку организирање на концерт, на кој поддршка даде и Црвен Крст на Р. Северна Македонија- Општинска Организација Кисела Вода.
Концертот беше организиран на отворено во Црквата Св. Петар и Павле, во согласност со препораките, каде присуствуваа ВИС Аманет, музички уметници, родители и соработници на ансамблот.
За овој настан од страна на Црвен крст на Р. Северна Македонија Општинска Организација Кисела Вода беа ангажирани 6 волонтери од кои дел беа логистичка поддршка, а дел беа задолжени за организација и спроведување на гостите, како и почитување на протоколите.
Голема чест ни претставуваше што бевме дел од целокупната организација и припрема за овој прекрасен настан, воедно му благодариме на раководителот на ансамблот Мартин Цветковски за поканата и соработката.
Искрени честитки!



