
мај 9, 2026
8 Мај – Светскиот ден на Црвениот крст, учениците од Vа одделение при ООУ „Браќа Миладиновци“ – Аеродром,
По повод 8 Мај – Светскиот ден на Црвениот крст, учениците од Vа одделение при ООУ „Браќа Миладиновци“ – Аеродром, преку цртежи, пораки и песна ја покажаа својата хуманост, солидарност и љубов кон луѓето.
Со многу креативност и искрени емоции, учениците испратија силни пораки за помагање, поддршка и спасување животи, инспирирани од мисијата на Црвениот крст на РСМ.
Горди сме на нивната посветеност и желба уште од најмали нозе да ги негуваат вистинските човечки вредности. ![]()
Vа одделение
Одделенски наставници:
Маја Здравковска и Наталија Ралповска









